Индексот на цените на угостителските услуги во декември 2021 година, во однос на истиот месец претходната година е зголемен за 1,7 отсто. Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари-декември 2021 година, во однос на истиот период од минатата година е зголемен за 0,6 отсто, додека во однос на декември 2020 година е зголемен за 0,5 проценти.