МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

Здравите административци во изолација ќе добиваат цела, болните од корона скратена плата

Цела плата ќе примаат само јавните административци кои се здрави, но поради контакти со заболени имаат решенија за изолација. На заболените на кои ќе им се отвори боледување, и понатаму ќе им се крати од платата според  предвиденото со закон.

Вакво толкување добил синдикатот на УПОЗ од Владата за нејзиниот не многу конкретен заклучок од седницата на 16 овој месец со кој се овозможува 100 отсто надоместок за привремена спреченост за работа на вработените во министерствата, органите на државната управа, организациите утврдени со закон, другите државни органи, правните и физичките лица на кои со закон им е доверено да вршат јавни овластувања, како и на Градот Скопје и општините во Градот Скопје. Како што стои во заклучокот, ова важи за оние лица за кои е издадено решение за самоизолација заради спречување за ширење на коронавирус од Државен санитарен и здравствен инспекторат, по контакт со заболено лице од вирусот SARS-CoV-2.

Повеќе на Вечер.прес