НовостиПравдаСветот на работникот

Здравствените работници од ковид-центрите ќе бидат целосно вакцинирани во следните десетина денови

   Време за читање 1 минута

На ден се вакцинираат од 250 до 350 лица. Вакцинацијата оди добро и се спроведува во пунктот во Здравствениот дом – Скопје и во таа смисла сметам дека сите здравствени работници кои работат во ковид-центрите ќе бидат вакцинирани целосно во следните десетина денови, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

„Една од опциите беше да започнеме со вакцинација на постарите лица. Меѓутоа тоа што се случи во меѓувреме беше зголемување на бројот на пациенти на кои што им е потребна хоспитализација и ангажирање на дополнителен кадар од медицински сестри и лекари од други одделенија кои треба да работат со овие пациенти. Од 4000 илјади се зголеми бројот на здравствени работници кои сега ќе работат со ковид-пациенти и затоа донесовме одлука тие да бидат во првата приоритетна група“, изјави министерот Филипче.