Земи што ти треба – платформата Working Mom слави 2 роденден!
Соопштението на Данче Азманова Мирчевска ви го пренесуваме интегрално:
Она што пред две години започна сосема наивно како личен блог како бремена жена, прерасна во национално позната вирална заедница на мајки што се поддржуваат и си помагаат помеѓу себе.

Денеска платформата Working Mom на нашата претприемачка Данче Азманова Мирчевска слави 2 години од лансирањето и може да се пофали со:
● 173 искрено споделени искуства oд мајки и татковци
● 23 брендови чии што услуги и производи допреле до таргетирана заедница за родители
● 19 организирани работилници за родители низ компании
● Заедница од 4000+ мајки на коишто им се помогнало да се чувствуваат помалку осамени во своите предизвици и маки како родители
● 44 интервјуа и јавни настапи за да се прошири зборот
● 31 организирани настани за мајки и дечиња заедно со тимот на Мама КругПо тој повод, на повеќе локации низ Скопје ќе најдете еден ваков постер (како на сликата погоре).
📍Парк Ѓорче Петров
📍 Парк Делфина – Влае
📍Порта Влае
📍Сити Мол
📍 Лептокарија
📍 Градски парк
Ве охрабруваме да си земеше од постерот што и да ви треба и да го споделите својот избор на Инстаграм профилот на Working Mom – https://www.instagram.com/workingmommk/.
