ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПРИДОНЕСИ ИМ ГИ „ЈАДАТ“ ПЛАТИТЕ: Германските работници за јули ќе добијат помали примања поради поскапо здравствено осигурување
Иако Германија се смета за земја со високи плати, зголемените придонеси во оваа држава, за месец јули ќе ги намалуваат платите на вработените. Некои работници губат до 250 евра годишно. Просечно зголемување на висината на придонесите од само еден процент може да ја намали годишната нето заработка за 252 евра.
Како што пренесуваат медиумите, се’ поголем број граѓани во Германија кои се опфатени со законско здравствено осигурување мора да сметаат на повисоки трошоци – од 1 јули 2025 година, неколку осигурителни фондови имаат зголемени стапки на придонеси, што директно се одразува на износите на платите. Членовите на одредени осигурителни фондови се особено погодени.
Повеќе на Пари

