Зошто CV-то кое го пишува вештачката интелигенција може да ви ја „затвори вратата“ до работата
Експерт за вработување предупредила дека постои искушување вештачката интелигенција (ВИ) да се користи за „разубавување“ на CV-то, објаснувајќи дека тоа всушност може да ги намали шансите за добивање нова работа.
Во време кога од вештачката интелигенција можете да побарате да пресметува, да осмисли рецепти или да го испланира вашиот ден, лесно е да се разбере зошто се потпираат на оваа технологија и во процесот на барање работа.
ВИ може да поправи граматички грешки и дури рутинските задачи од претходното работно место да ги претстави како вредни и посакувани вештини за новиот работодавач. Сепак, Френсис Ли, основачка и директорка на агенцијата Biscuit Recruitment, објаснува зошто CV-јата кои ги генерира вештачката интелигенција често воопшто не се привлечни.
Иако признава дека ВИ веројатно придонел кон тоа компаниите денес да добиваат „налет на совршено дотерани биографии, Ли истакнува дека токму таа совршена структура прави многу CV-ја да делуваат „потполно без живот“.
„Кога сите кандидати звучат исто, на менаџерите за вработување им е тешко да ја видат личноста зад хартијата“, објаснува таа. „Вашата индивидуалност, а не форматиање, е она што ве става на крајот од листата.“
Ли додава: „ВИ алатките можат да бидат одлични за структура и граматика, но ако само ја копирате и залепите нивната содржина без доработка, го бришете она по што сте впечатливи. На регрутерите не им треба роботски професионализам, туку автентничност и јасност. „На основа на бројните CV – ја за кои приметила дека настанале со помош на ВИ, Ли издвоила неколку чести грешки кои ги оддаваат.
Претерано уредување со помош на ВИ
Секако дека сакате да ги избегнете типографските грешки, но претераното „полирање“ може да ја избрише вашата личност.
„Кандидатите ја оттргнуваат трунката од својата личност. Резултатот е CV кое изгледа чисто, но делува студено. Работодавачите тоа ќе го препознаат“, вели Ли.
„Споделете го она што ве мотивира, а не само што сте работеле. Личноста ја гради врската“, додава таа.
Нередовно ажурирање
Можеби не сте конкурирале за работа со години, но тоа не значи дека CV-то не можете редовно да го дополнувате со нови вештни, наместо во последен момент да се’ да препуштите на ChatGPT.
„Луѓето чекаат додека не станат очајни за нова работа, а потоа паничат. Доброто CV е документ кој постојано се развива, а не задача во последен момент“, вели Ли. „Одвоите 30 минути на секои три месеци да ги ажурирате постигнувањата и резултатите. Идното „вие“ ќе ви биде благодарно кога ќе се укаже прилика.“
Премногу жаргони
Ако не знаете што точно значи некој збор, нема потреба да го користите, дури и ако ВИ ви го предлага тоа.
„ВИ алатките често претеруваат со фразите ’динамичен’ или ’ориентиран на резултати’, но регрутерите всушностне сакаат докази. Заменете ги придавките со конкретни исходи“, објаснува Ли. „Започнете од сопствените зборови, па потоа користете ВИ за да ги доработите, а не да ги замените“, додава таа. „Поентата е во соработката, не во делегирањето.“
Неприлагодување на CV-то на огласот
Иако може да делува како заштеда на време истото CV да го испратите на 20 адреси, Ли предупредува дека вистината е спротивна. „Најдобрите кандидати секогаш го прилагодуваат CV -то, макар и минимално“, заклучува таа.
Извор: BIZlide/Unilad

