Занимливости

Избран најтажниот филм на сите времиња: „Titanic“ убедливо прв, „The Notebook“ веднаш зад него

Љубителите на филмови го избраа најтажниот филм на сите времиња, а победник со убедлива предност пред конкуренцијата е блокбастерот „Titanic“.

Во анкета спроведена меѓу 2.000 гледачи, филмот на Џејмс Камерон од 1997 година ги надмина класиците како „The Notebook“ и „Ghost“.

Истражувањето, нарачано од телевизискиот канал Great Romance, покажало дека дури 41 отсто од испитаниците заплакале додека ја гледале трагичната љубовна приказна меѓу богатата аристократка Роуз Девит Букејтер и сиромашниот уметник Џек Доусон, за време на првото и последно патување на Титаник.

Жените плачат повеќе од мажите

Филмот во кој главните улоги ги толкуваат Кејт Винслет и Леонардо ди Каприо најсилно ги погодил жените – речиси половина од анкетираните (47 отсто) признале дека пуштиле солзи, додека истото го признале и третина од мажите (34 отсто).

На второто место се најде романтичната драма „The Notebook“ со Рајан Гослинг и Рејчел МекАдамс, која петтина од гледачите (20 отсто) ја прогласиле за филм што најмногу ги тера да плачат. Приказната за децениската љубов на Ноа и Али за потажна ја сметаат жените (26 отсто) отколку мажите (15 отсто).

Повеќе од 10 отсто од испитаниците изјавиле дека најмногу ги расплакал хитот „Ghost“ од 1990 година со Патрик Свејзи и Деми Мур. Холивудските класици „Gone with the Wind“ и „Casablanca“ добиле 10, односно 9 отсто од гласовите, колку што освоила и модерната романтична комедија „Love Actually“.

На остатокот од листата се најдоа „Pretty Woman“ (8 отсто), „Notting Hill“ (6 отсто), „Dirty Dancing“ (6 отсто) и „P.S. I Love You“ (6 отсто).

Истражувањето исто така потврдило дека жените двојно почесто плачат додека гледаат филмови во споредба со мажите.

Извор: BIZLife