Филм кој бил забранет – а денес се смета за еден од најдобрите некогаш направени
Филмот Citizen Kane, кој денеска е сметан за еден од најголемите остварувања во историјата на кинематографијата, имал почеток кој воопшто не наговестувал таков статус.
Премиерно прикажан на 1 мај 1941 година во РКО Palce Theater, иако провобитно било планирано да се прикаже на престижниот Radio City Music Hall. Меѓутоа, контроверзите кои започнале да се шират околу филмот биле толку силни што халата на крајот се откажала од проекцијата.
Орсон Велс во фокус
Во центарот на сето тоа бил младиот Орсон Велс, кој севкупно 24 години веќе важел за една од најпровокативните фигури во Холивуд. Неговата претходна работа на радио и во театар, вклучувајќи ја и чуената адаптација „Војна на светови“, го направил славен, но и контроверзен – токму поради начинот на кој умеел публиката да ја вовлече во илузијата на реалноста.
Кога започнал да работи на својот прв филм, инспирација пронашол во приказната за медиумскиот магнат Вилијам Рандолф Хирст, човек кој од својата раскошна калифорниска резиденција управувал со огромно медиумско царство. Сценариото, кое делумно потекнувало од Херман Манкивиз, отворил тема за моќта, амбицијата и осаменоста зад богатството.
Медиумска кампња против филмот
Иако првите проекции предизвикале воодушевување од критичарите, реакцијата вон кината била потполно поинкава. Медиумската кампања против филмот брзо ескалирала, предводена од луѓето блиски со Херст, кој во филмот се препознал себеси и својот приватен живот. Притисоците биле толку силни што филмот практично бил саботиран во дистрибуција, а неговата реклама блокирана во големите медиуми.
Кога кончено стигнал до публиката, филмот не остварил комерцијален успех. Сепак, со текот на времето започнал да добива потполно поинаков статус. Критичарите и филмските автори ја препознале неговата револуционерна структура, иновативна камера, начин на користење на ѕвукот и наратив кој ги разбил тамошните стандарди на раскажување. Спојот на драма, биографија и стилизирани „лажни новински снимки“ го направил да биде филмот кој го променил јазикот на филмската уметност.
Денес Citizen Kane редовно се наоѓа на врвот на листата на најдобри филмови на сите времиња, вклучувајќи го и рангирањето на American Film Institute.
Приказната за него останала парадоксална: филм кој во моментот на излегување бил оспоруван и потиснат, подоцна станал стандард по кој се мери филмската уметност.
Извор: BIZLife

