Изгласани измените и дополнувањата на Законот за трговија – ќе работат и трговците во туристичките места
Фејсбук статус на Министерот за економија, Крешник Бектеши:
Собранието на Северна Македонија денеска ги усвои измените и дополнувањата на Законот за трговија со кој се овозможува работа во недела и државни празници на сите трговци на мало и на големо во туристичките места, утврдени со Законот за туристичка дејност
Со измените и дополнувањата на Законот за трговија се очекува дополнително да се поттикне економската активност во земјата, посебно во туристичките места.
Имајќи ги во предвид податоците кои што ги имаме од Државниот завод за статистика за раст на бројот на туристи од почетокот на годината, а и очекувањата согласно веќе направени резервации за странски туристи кои што оваа туристичка сезона ќе ја посетат Северна Македонија, посебно Охрид и Струга, согласно законските измени очекуваме зголемување на туристичката активност во целата земја.
Измените на Законот за трговија се донесени со заеднички дијалог во инклузивен процес со сите засегнати страни, посебно во туристичкиот сектор.
Работниците во трговските објекти кои ќе работат во недела и празници ќе добијат дневница поголема за 100 проценти.
Овие законски измени стапуваат на сила веднаш откако ќе бидат објавени во Службен весник

