ПравдаСветот на работникот

Илегални работници од Косово фатени на градежен објект во Скопје

Двајца косовски државјани без регулиран престој во Македонија биле фатени како работат на градежен објект во Скопје.

-Вчера во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје во соработка со инспектори од Трудов инспекторат извршиле контрола на градежен објект на ул.„Лазо Трповски“ во Скопје, каде како подизведувач е фирма од с.Горно Свиларе, скопско, при што на местото на настанот биле затекнати и приведени Г.Л.(20) и Џ.К.(59), двајцата од Р.Косово, бидејќи било констатирано дека немаат регулиран престој, велат од полицијата.

Лицата биле предадени на полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.