Каде во Европа работодавците бараат работници, а каде речиси и да нема слободни позиции? – Објавени нови податоци
Стопата на слободни работни места во еврозоната и Европската Унија бележи благ пад, но разликите меѓу државите се огромни. Додека во Холандија и Белгија има најголема побарувачка за работници, во Романија и Шпанија речиси и да нема отворени работни позиции.
Според податоците на Евростат, европската агенција за статистика, стапката на слободни работни места во еврозоната во вториот квартал изнесувала 2,2 проценти, што е за 0,2 процентни поени помалку во однос на првиот квартал и за 0,4 поени помалку во споредба со истиот период лани. Во рамки на ЕУ, стапката паднала на 2,1 процент, што е за 0,1 и 0,3 процентни поени помалку соодветно.
Во индустријата и градежништвото стапката на слободни работни места во еврозоната изнесувала 2 проценти, а во ЕУ 1,8 проценти. Кај секторот услуги таа достигнала 2,4 и 2,3 проценти.
Највисоки и најниски стапки
Меѓу земјите за кои Евростат има податоци, највисоки стапки се забележани во:
- Холандија – 4,2%
- Белгија – 3,9%
- Австрија – 3,4%
Најниски стапки се регистрирани во:
- Романија – 0,6%
- Шпанија – 0,8%
- Полска – 0,8%
Годишни промени
Најголем пораст во споредба со минатата година е забележан на:
- Кипар (+0,3 п.п.)
- Литванија (+0,2 п.п.)
- Малта (+0,2 п.п.)
Најголеми падови се регистрирани во:
- Грција (-0,9 п.п.)
- Финска (-0,7 п.п.)
- Германија и Австрија (обете -0,6 п.п.)
Во Словенија, стапката на слободни работни места во вториот квартал изнесувала 2,2 проценти, што е за 0,1 процентен поен помалку од првиот квартал и за 0,3 поени помалку во однос на истиот период лани.
Извор: EUpravo zato

