Вести

Какво време нѐ очекува за продолжениот првомајски викенд?

Први мај – Меѓународниот ден на трудот е неработен ден за сите граѓани во земјава. Оваа година се паѓа во петок, што значи продолжен викенд и можност за краток одмор, излет или патување.

Времето во деновите пред празникот ќе биде вистинско пролетно – претежно сончево, со повремена облачност и пријатни температури. Утринските ќе се движат околу 8 степени, додека дневните ќе достигнуваат и до 26 степени.

Со почетокот на продолжениот викенд се очекува промена. Ќе има зголемена облачност и пад на дневните температури, но без најави за дожд. Утринските температури ќе останат слични, околу 8 степени, додека дневните ќе се движат околу 18 степени.

Иако времето ќе биде посвежо во споредба со претходните денови, прогнозите се поволни за престој на отворено – без врнежи, со умерени температури, што го прави викендот погоден за прошетки и излети.

Извор: skopjeinfo.mk