Светот на работникот

ПЕТ едноставни совети како да извлечете максумум од викендот

Викендите некако секогаш поминуваат побрзо од што би сакале. Петок напладне и излегувањето од канцеларија делуваат како почеток на два совршени дена, но многу често се случува недела навечер да дојде пред да стигнеме да ги „наполниме батериите“.

Наместо одмор, многумина се затекнуваат во торнадо од обврски, домашни работи и чувство дека викендот поминал, а ништо посебно да не се случило. Зошто постојано се враќа истото прашање: како навистина да се извлече максиумумот од тие два дена?

Во потрага за одговорот, BIZLife.rs тестирал неколку пристапи и издвоил пет едноставни работи кои можат да направат голема разлика.

1. Подгответе се за викендот однапред

Најлошо нешто што можете да го направите е во недела навечер да сфатите дека целиот викенд сте го поминале во обврски кои сте можеле да ги распоредите поинаку.

Вистина е дека викендот е подолг од еден работен ден, но не е бесконечен. Ако сите домашни обврски ги оставите за сабота и недела, многу лесно ќе ви го „изедат“ слободното време.

Затоа обидете се дел од обврските да ги завршите во текот на работната недела – купување, облека, ситни домашни работи. Да, звучи напорно после работа, но токму тоа го ослободува викендот за работи кои навистина сте сакале да ги направите.

2. Планирајте, макар и малку

Една од најголемите причини зошто викендите „исчезнуваат“ е недостатокот од планирање.

Не морате да го организирате распоредот по часови, но добро е да знаете на што се радувате. Тоа може да биде вечера со пријателите, излет, одење во кино или дури мал ритуал како неделен ручек.

Поентата е едноставна – кога има нешто на што да се радувате, викендот добива структура и станува поисполнет. Антиципацијата често нсви еднакво задоволство како и самиот настан.

3. Пробајте нешто ново

Рутината е она што во текот на работната недела „јаде“ многу енергија. Затоа викендот треба да биде мала доза на промена.

Тоа не значи дека морате да правите нешто екстремно или комплицирано. Доволно е да го смените опкружувањето или вообичаените навики – нова прошетка, поинаков ресторан, еднодневен излет или активност која досега не сте ја пробале.

Идејата не е да се исцрпите, туку да ја „рестартирате“ главата и да излезете од секојдневниот образец.

4. Негувајте ги малите традиции

Колку и да е важно да се проба нешто ново, подеднакво важно е да има и свои мали ритуали.

Тоа може да биде саботен ручек со семејството, неделно кафе на исто место или вечерен филм кој ќе го гледате заедно. Таквите работи не звучат спектакуларно, но токму тие остануваат во сеќавање.

Традиционалните моменти создаваат чувство на стабилност и на викендот му даваат посебна топлина – било да ги споделувате со семејството, партнерот или пријателите.

5. Оставете простор за одмор

Од преголемата желба да го „искористиме“ викендот, често го преоптоваруваме со планови. Тоа е стапица.

Викендот не е мини – работна недела. Ако го исполните од утро до вечер, во понеделник ќе бидете уморни наместо полни со енергија.

Затоа е важно да оставите барем дел од времето без план. Одмор, без обврски, без распореди – само пауза. Тоа е е она што ја прави најголемата разлика.

Ова се едноставни совети, но всушност во тоа е и поентата. Не мораат сите да функционираат за секој, бидејќи живееме различни животи. Сепак, дури и една мала промена може да направи викендот да престане да „прелетува“ и да стане нешто што навистина го паметите.

Извор: BIZLife.rs