Хит на летната сезона: Грчки остров со цени од пред 10 години, бесплатни лежалки и беспотребни гужви
Додека многу туристи се жалат на високите цени на Медитеранот, еден грчки остров на северот на Егејското море се издвојува како место каде летувањето и понатаму нуди вредност за вложените пари. Станува збор за Лимнос, остров кој доживува вистинско процветување, а на туристите им нуди автентично искуство какво што на популарните дестинации одамна веќе нема.
Она што во текот на деветдесетите важело за оддалечна, ветровита воена база и синоним за „прекоманда по казна“, денес станало едно од главните адути на грчкиот туризам.
Цените како пред една декада и бесплатни лежалки
Една од главните причини зошто Лимнос станал хит меѓу патниците се цените кои на моменти потсетуваат на оние од пред десет години. Туристите особено се радуваат на политиките на плажите. За разлика од монденските летувалишта, лежалките на Лимнос во главно се бесплатни со нарачано кафе или пијалак, а на пространите песочни плажи секогаш има доволно место без чувство на „гушење“ во гужва. Поради плиткото крајбежје, морската вода е значајно потопла во споредба со другите места, додека специфичните ветрови го прават островот „премија“ за љубителите на сурфањето.
Иако се очекува дека ова лето капцитетите ќе бидат во потполност исполнети, локалците се одлучни во намерата да се спротивстават на стапиците од брзото богатење и комерцијализацијата.Тие длабоко веруваат дека нерасипаниот амбиент е она што посетителите најмногу го ценат.
Обилни порции и рај за гурмани
Локалната економија се потпира на врвните домашни производи. Посетителите на Лимнос можат да очекуваат исклучително обилни опции по кои островот е познат.
Гастрономската понуда се издвојува по прочуеното сирење Калатаки и домашниот мед, а со оглед на тоа дека островјаните имаат „докторат по винарство“, дегустацијата на локалните вина се незаобиколив дел од туристичката понуда.
Грчка „Сахара“, Фламингоси и одлична инфраструктура
Туристичкиот потенцијал на Лимнос го преминува класичното летување, па така на располагање на посетителите се нереални природни феномени.
На островот се наоѓаат песочните дуни Amotines кои потсетуваат на африканската Сахара, додека барскиот предел Hortarolimni нуди потполно неочекувана глетка за еден егејски остров – јато фламингоси.
Инфраструктурата во последните години е значајно унапредена, па патиштата се широки и добри, што го олеснува обиколувањето на прилично големиот остров (возењето од едниот до другиот крај на островот трае еден час). Препораката на искусните патници е да се изнајми возило, да се пронајде брдо и да се гледа заоѓањето на сонцето на силуетата на Света Гора (Атос) во далечина.
Овој некогашен воен остров, престанал да биде тајна, го сменил својот статус на туристичката мапа, но на среќа на своите посетители – не ја менува својата автенична душа.
Извор: Blic.rs

