Како да се адаптирате на новото работно место?
Сите сме биле во ситуација кога го менуваме работното место и влегувате во нова и непозната средина. За да можете полесно да се адаптирате на новата средина во прилог неколку начини и совети како полесно да се вклопите во компаниската култура.
- Не зборувајте за она што сте го правеле на претходното работно место. Може многу да ве чини.
- Не блефирајте. Ако не знаете како да сработите нешто, прашајте.
- Признајте си ги грешките. Секој греши. Не се обидувајте да ги прекриете.
- Прашувајте, фаќајте забелешки. Но, внимавајте да не станете досадни, запаметете го она што го ви кажуваат, не прашувајте исти работи постојано.
- Ако работите во канцеларија, не се облекувајте премногу лежерно. Делувајте пристојно во секој момент.
- Внимавајте што се зборува за време на team building часовите. Бидете активен слушач и говорник.
И запомнете, секое работно место си има свој ритам, треба само да се научите да го следите.
Доколку се уште го немате пронајдено вашето идеално работно место, сите активни огласи за вработување можете да ги најдете ТУКА.
Извор: Кариера

