Останато

Како Закерберг ја гледа иднината на работните места?

Во визијата за иднината на Марк Закерберг, основач на компанијата Мета и социјалната мрежа Фејсбук, поголемиот дел од облиците на секојдневната работа би можела да бара поголема имагинација.

Американецот смета дека идните професии ќе подразбираат поголема креативност, во однос на традиционалните и неодамна рекол дека модерната технологија продолжува да се разива и дека работните места фокусирани на технологијата ќе доминираат се повеќе во светот.

Сепак, тој тука не мисли стриктно на „технолошките професии“ кои ги познаваме денес, пренесува CNBC.

„Дел од она што мислам дека ќе биде одлично во врска со кративната економија и метаверузамот е дека многу луѓе во иднина ќе работат креативни работи“, рекол Закерберг. Неговото предвидување произлегува од лично искуство.

Кога за првпат го стартувал Фејсбук во 2004 година, кодирањето „помгнало да се изгради нешто утилатерално“, рекол тој. Сега, додава, ја набљудува својата ќерка како вистинска „уметност на кодот“, куцајќи равенки за да создаде визуелни, уметнички изрази.

Идејата, рекол Закерберг, не дека секоја идна работа ќе вклучува дигитална уметност. Наместо тоа, автоматизирањето на некои основни системи кое им овозможува на децата лесно да креираат уметност со помош на код, ќе им овозможи на луѓето да поминуваат повеќе време на задачи како што се креирањето на нови производи.

Самиот концепт не е баш готов. Со години експертите од овој домен предвидувале дека вештачката интелегенција на крајот ќе може да ги замени луѓето во релативно секојдневни задачи, како составање на табели или пишување на основен код.

Со помалку потрошено време на задачите, луѓето теоретски ќе можат да поминат повеќе време во анализирање и размислување – што бара вид на креативно, критичко размислување кое вештачката интелгенција не може да го пружи.

Треба да се напомене и дека пандемијата веќе ја забрзала имплементацијата на роботите во секојдневниот живот на наплатните рампи, во болниците, но и во самите домови ширум САД. Во октомври 2020 година, Светскиот економски форум предвидел дека професиите како внесување на податоци, секретар, сметководител, фабрика и механичар, најверојатно ќе исчезнат до 2025 година.

Вкупно, според извештајот на Светскиот економски форум, 85 милиони работни места би можеле да бидат елиминирани во наредните неколку години. Но, проценето е дека ќе се создадат 97 милиони нови позиции, во областите како дигитален маркетинг, развој на работењето и анализа на податоци.

Извор: Telegaf Biznis

Фото: Tanjug/AP