ЕкономијаМакедонија

Кои се локалните трговци кои им откинаа 200 милиони евра на големите ланци супермаркети?

Вкупно 30 компании од Штип, Струмица, Струга, Охрид, Тетово, Велес, Свети Николе, Куманово, Гевгелија, Неготино, Прилеп, Скопје и Кавадарци лани на големите ланци супермаркети им „откинале“ ниту помалку ниту повеќе но 200 милиони евра, анализира „Фактор“.

-Кои се локалните јунаци во трговијата мало кои не им се плашат и им излегуваат на мегдан на големите трговски ланци? И не само што не им се плашат туку некои од нив имаат и пристојни па дури и добри резултати од работењето. Познато е дека трговијата на мало е најконкурентната економска дејност во која секој ден секој продавач мора да се бори за да го придобие секој муштерија. Официјалните достапни податоци покажуваат дека и за овие градски т.е. локални бизниси има простор „под сонцето“ и дека можат да се справат со силната конкуренција на „тешкашите“ односно големите компании за трговија на мало кои имаат супермаркети низ сите поголеми населени места низ земјава, пишува Фактор.

„Фактор“ ги обработи официјалните податоци за 2020 година и ги подреди и рангира маркетите според градовите во кои работат или од кои потекнуваат (праг за рангирање е приход од најмалку 3 милиони евра во тек на 2020 година), а кои може да ги видите на „Кои се локалните трговци кои им откинаа 200 милиони евра на големите ланци супермаркети?“