Во странство по секоја цена – Македонците и во пандемија одат на сезонска работа
Легално со работна виза или на црно, граѓани од земјава заминуваат на сезонска работа во странство. Актуелни дестинации за работа се Италија, Германија, Австрија, Скандинавските земји, Швајцарија, Хрватска и Црна Гора, но од неодамна по долги години и Велика Британија.
Работат во фарми, на градежни објекти, како куќни помошници или негуватели на стари лица во угостителски објекти. Заработките се повисоки од оние кои би ги имале во земјава и за подобрите работни места и се движат од 800 до 1.500 евра.
Агенциите за вработување во странство велат дека и годинава, како и лани, многу помал е интересот за сезонска работа во странство.
Повеќе на Плусинфо
Фото: Freepik

