Кои се овластувањата на економско – социјалниот совет?
КОИ СЕ ОВЛАСТУВАЊАТА НА ЕКОНОМСКО – СОЦИЈАЛНИОТ СОВЕТ?
Економско-социјалниот совет :
1) ги следи, проучува и оценува влијанието на економската политика и мерките на економската политика на социјалната стабилност и развој;
2) ги следи, проучува и оценува влијанието на социјалната политика и мерките на социјалната политика на економската стабилност и развој;
3) ги следи, проучува и оценува влијанието на промените на цените и платите на економската стабилност и развој;
4) му дава образложено мислење на министерот за труд за прашања и проблеми поврзани со склучувањето и примената на колективните договори;
5) им предлага на Владата, работодавачите и синдикатите, односно на нивните здруженија на повисоко ниво, водење на усогласена политика на цени и плати;
6) дава мислења по предлози на закони од областа на трудот и социјалната сигурност;
7) ја промовира и поттикнува потребата на тристрана соработка (трипартитен социјален дијалог) меѓу социјалните партнери за решавање на економските и социјалните прашања и проблеми;
8) го поттикнува мирното решавање на колективните работни спорови и
9) дава мислења и предлози на министерот за труд во врска со другите прашања утврдени со овој закон.
Со спогодбата за основање на Економско-социјалниот совет поблиску се определуваат неговите овластувања. Економско-социјалниот совет може да основа одбори и комисии за одделни прашања од својот делокруг. Економско-социјалниот совет донесува деловник со кој се уредува начинот на работата на Советот.
КОИ СЕ ОВЛАСТУВАЊАТА НА ЕКОНОМСКО – СОЦИЈАЛНИОТ СОВЕТ?
Економско-социјалниот совет :
1) ги следи, проучува и оценува…Posted by Juridica on Tuesday, February 16, 2021

