Вести

Колку е доволно да работиме?

Подготвил: Бобан Илијевски

Пандемијата со Ковид -19 можеби официјално завршила, но, како што возот се пренасочува на железничката пруга, веќе пренасочила неброени животи на потполно различни патишта. Милиони луѓе никогаш повеќе нема да се вратат на својата предпандемиска работна рутина, што ги принудува работнциите и работодавачите да осмислуваат нови модели на работа кои ќе одговораат на изментите потреби. Меѓутоа, додека продолжуваме да експериментираме со хибридните обрасци на работа, се соочуваме со едно подлабоко прашање: колку е доволно да работиме?

Овие промени и експерименти после пандемијата, барем во развиените земји, би можеле да доведат до толку длабока револуција како што биле промената на условите, плановите за работа и плата во текот на транизацијата од аграрна во индустриска ера.

Овие промени можат да се гледаат на две нивоа. На макро ниво, законски пропошаниот осумчсовен работен ден и 40 часовната работна недела постепено ѝ отстапуваат место на новата рамнотежа. Ова најверојатно ќе биде долг процес, особено ако се земе предвид дека бил потребен половина век за борбата за работнички права, синдикален активизам и корпоративно експериментирање, работниот ден во САД да се намали од 14 на 8 часа, а работната недела од 7 на 5 дена.

Во 1914 година, Форд Мотор Компани ги оставил конкурентите без зборови кога решил работниот ден во фабриката да го намали на осум часа и притоа продолжил на работниците да им исплаќа минимална плата – 5 долари дневно. Во 1938 година, Конгресот ја кодифицирал оваа иновација со носењето на Законот за фер работни стандарди. Резултатот, како што рекол историчарот за култура Фред Тарнер, бил „социјален договор на индустриската ера“. И како што покажале најновите експерименти со 32 часовната работа неделно, луѓето со таков распоред помалку се заморувале, нивното ментално здравје се подобрило, а животното задоволство пораснало. Поголемиот број од учесниците во експериментот рекле дека нема да вратат на претходниот модел.

На микро ниво, милиони луѓе ги искористиле изминатите три години повторно да ја проценат рамнотежата помеѓу времето и парите. Во текот на пандемијата, многу работници усвоиле нови работни навики и се радувале на шансата да се одморат, да поминат повеќе време со саканите и да се занимаваат со слободните активности без стресот од превозот и канцеларијата. Ова искуство подоцна придонесе кон тоа да се појави т.н. „Голем отказ“, како и кон зголемување на случаите на „тивко откажување“ (минимално исполнување на работните обврски).

Кога компаниите започнале да бараат од работниците да се вратат на состојбата од пред пандемијата, прашањето „Колку е доволно да работиме?“ паднало на второ место отстапувајќи му го првото место на: „Доволна за што?“ Да заработиме за живот? Да ги исполниме очекувањата на работодавачот за нашиот учинок? Да го продолжиме нашиот стремеж кон среќата или можеби кон пензионирањето? Одговорите се разликуваат во зависност од тоа кој прашува и кој одговара. За милиони работници со ниски примања, одговорот е едноставен: „доволно“ значи дека вашата плата овозможува да се издржувате себеси и своето семејство.

Меѓу оние кои се доволно привилегирани да можат да размислуваат за балансот помеѓу времето и парите, можат да се идентификуваат – поради нивните изјави и постапки – две групи на работници во својство на клучни играчи во широката дебата за тоа колкав обем на работа е адекватен.

Првата група ја соочинуваат негувателите. Во овој сектор и понатаму домонираат жените, но тој постепено привлекува и се‘ повеќе мажи. Во економијата на работните односи, „работата“ традиционлано се дефинира како платена дејност поврзана со производство на добра и услуги во замена за парична награда. Меѓутоа, со интеграцијата на жените во работната сила (вклучувајќи го и влегувањето меѓу економистите од областа на работните односи), концептот „работа“ е проширен така што ја вклучува и онаа неплатената. Таа се однесува на грижа за децата, одржување на домот, задоволување на потребите на оние кои не можат да се грижат самите за себе. Негата, потсетува активистката Аи-Џен Пу, е „работа која ги прави возможни сите останати професии“. За многумина овој облик на работа е еднакво важен како и формалното вработување – можеби и уште повеќе. 

Замислете да го прошириме прашањето: „Колку е доволно да работиме?“ не само за платениот, туку и неплатениот труд. Тогаш станува јасно дека милиони луѓе кои се во улога на негуватели и истовремено имаат платена работа, работат многу подолго од традиционалноот осумчасовен работен ден. И затоа не би требало да чуди тоа што, доколку им се пружи прилика, многумина би одлучиле да ги намалат платените часови за да се грижат за другите. Имајќи го предвид општественото значење на грижата за луѓето, императив е економската статистика и програмите за јавните добра да го земат предвид овој клучно важен, но неплатен облик на работа.

Втората значајна група на работници кои се прашуваат: „Колку е доволно да работиме?“ ја сочинуваат младите луѓе, особено младите милениумци и работниците од генерацијата Зи, од кои многу влегле во работната сила во текот на пандемијата. Токму како што многу млади луѓе во 1960-тите се „вклучиле, поставиле и откажале“, ја прифатиле контракултурата и го отфрлиле она што сметале дека е конформистично тежнеење на генерацијата на своите родители, многу припадници на генерацијата Зи сега ја преиспитуваат и отфрлаат „hustle culture“ (прекумерната работа) како уште еден токсичен извоз од Силоконската долина.

Генерацијата Зи растела во текот на две турбулентни децении кои биле одбележани од нападите на 11 септември, појавата на паметните телефони и социјалните медиуми, финансиската кризата од 2008 и пандемијата. Денес тие гледаат пад на општествената мобилност, назадување на демократијата среде зголемената политичка поларизација, климатската катастрофа која се заканува. На таква историска позадина, тие сосема природно, го доведуваат во прашање начинот на живот на своите родители и се фокусираат на одржувањето на своето менатално и физичко здравје.

Иконите на генерацијата Зи, како што се Симон Билс и Наоми Осака кои се повлекле од големи спортски настани за да го заштитат своето менатално здравје се олицетворение на нагонот, храброста и умешнсота неопходни за да се истакнеме на највисоките нивоа во своите области. Но со отрфрлување на идејата дека нивната самопочит зависи од исполнувањето на очекувањата на другите од нив, демонстрирале длабоко разбирање дека личната благосостојба не треба да биде жртвувана поради надворешна валидација. Нивното инсистирање дека животот мора да биде повеќе од производство и победи е чин на пркос на самиот капитализам.

Од појавата на ChatGPT и конкурентските апликации, дискусиите за иднината на работата се вртеле околу прашањето до која мера човечката работа и понтаму ќе биде неопходна. Да, секако, појавата на генеративната вештачка интелигенција на пазарот на труд ќе доведе до значајни промени, правејќи ги работните места и традиционалната работа во индустриската ера непотребни и застарени. Сепак, што и да ни претстои, не можеме да одговориме на прашањата каде и колку долго треба да работиме, а да претходно не одговориме на основното прашање: зошто работиме.

Ан-Мари Слотер е генералната директрорка на Истражувачкиот центар Нова Америка, професор емеритус по политика и меѓународни прашања на Универзитетот Принстон; била директорка за планирање на политиките во Стејт департментот.

Отом Мекдоналд е виша соработничка во Нова Америка.

Copyright: Project Syndicate, 2023

Izvor: Vijesti.me