ПравдаСветот на работникот

Мајка и син на сезонска работа во Хрватска молат за помош да се вратат: Се однесуваат како да сме ѓубре, ништо не ни е платено

Македонци, мајка и син заминати на сезонска работа во Хрватска со апел да им се помогне да се вратат назад во Македонија. Оливера Ѓоргиевска со својот син заминала за Хрватска и почнале со работа уште во јули, во ресторан во Сплит-таа во кујната, а синот како помошник пица мајстор со цел да заработат некој денар. Им биле ветени 700 евра плата, како и пари за прекувремено работење, а досега не добиле ништо. Во договорот склучен со хрватска агенција, требало да заминат во Риека, па потоа смениле Пореч но на крајот, завршиле во ресторан во Сплит.

-Ние сме Хрватска веќе 40 дена, дојдовме преку агенција која нудеше храна, сметување работа. Рекоа и аванс ке дадеме првите две недели но не одбија кога побаравме. Кажаа морало да имаме тековна сметка во Хрватска, отворивме и тековна но и тогаш не ни дадоа. Постојано не лажат, дека за 10 дена најдоцна ќе добием пари, па 15 дена па сега не на 15 август, туку на 16 или 17 август, вели за А1он Ѓоргиевска.

-Бараме спас за назад. Јас работам во кујна во ресторан, а синот е помошник пица најстор, во Сплит. Ништо не е исплатено. Се однесуваат многу лошо, како да сме ѓубре. Живееме во стан шест души фирмата ги плаќа, мал стан. Собата кај што спиеме со синот е кујна, сите тука влегуваат готват додека спиеме, за во купатило мора низ дневна да се помине каде што спијат други. Никаква интима нема. Не можеме да го напуштиме станот, нема каде да одиме, ниту ваму ниту таму. Пари што земавме од Македонија 180 евра, ни се украдени, и 15 евра што имам само во мене, вели Ѓоргиевска.

Повеќе на А1он