КОМОРАТА НА ИЗВРШИТЕЛИ ГИ ШТИТИ ЛОШИТЕ ИЗВРШИТЕЛИ НА ШТЕТА НА ПРОФЕСИЈАТА И ГРАЃАНИТЕ
Во 2022 година Комората на извршители (КИРСМ) имала 121 претставка за работењето на нејзините членови извршители. Од овие поплаки, само една завршила како дисциплинска постапка иницирана од Комората, додека останатите шест дисциплински биле иницирани по службена должност поради извршен надзор од Министерството за правда. Од сите дисциплински постапки, раководството на КИРСМ решило парично да казни само еден извршител и тоа со симболична сума од 300 евра. За жал, овој податок не го најдовме во годишниот извештај на Комората за 2022 година, кој иако е изгласан на Управниот одбор во февруари годинава, се уште не е објавен на нивната интернет страница.
Повеќе на Пари

