Која е разликата помеѓу породилно и родителско отсуство? – објаснува Проф. Др. Лазар Јовевски
Тема: Породилно наспроти родителско отсуство
Во секојдневната употреба на овие термини често доаѓа до забуна и поистоветување, но постои суштинска разлика помеѓу истите. Породилното отсуство е платено отсуство од работа поради бременост и раѓање кое го користи мајката. Согласно нашиот ЗРО тоа изнесува 9 месеци непрекинато и може да започне 45 дена пред раѓањето на детето, а задолжително 28 дена пред раѓање.
По завршување на отсуството од работа поради бременост, раѓање и родителство, работничката има право на неплатено родителско отсуство до три месеци во периодот до навршување на тригодишна возраст на детето, во најмногу три дела, заради грижа за детето.
ПРАВИЛНО е да се смета дека доколку отсуството од работа поради бременост, раѓање и родителство не го користи работничката, правото на отсуство од работа за родителство го користи таткото или посвоителот на детето.
ПОГРЕШНО е да се смета дека доколку работничка забремени за време на користење на неплатено отсуство од работа за родителство нема право на надоместок на плата по основ на бременост, раѓање и родителство.
Проф. д-р Лазар Јовевски

