Кромберг и Шуберт ја избра Ѕвездата на неделата
Фејсбук статус на компанијата Кромберг и Шуберт:
И оваа недела се одржа мотивациската активност Ѕвезда на неделата. Овој пат беше избрана нашата колешка Мевљуде Рустемовска, за која транспарентно и со мнозинство гласови од својот тим
е избрана како колешка која секогаш има позитивен став, знае да не мотивира и да подаде рака кога тоа е потребно. ![]()
Нејзината посветеност, подготвеност да помогне и инспиративниот пристап во секојдневната работа придонесуваат за подобра атмосфера и поголема енергија во тимот.![]()
![]()
Секогаш внесува оптимизам, поттикнува колегијалност и покажува дека тоа е тајната за да се постигнат заеднички успех и просперитет на тимот.![]()
Мевљуде, ти благодариме за твојот труд, насмевките и искрената поддршка за сите нас. ![]()
Продолжи да блескаш и да мотивираш!![]()
Убавата енергија не се зборува, таа се чувствува и се шири

