КСС одржа семинар со тема за Европските работнички совети
На ден 26.10.2021 година Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија одржа национални семинар во рамки на проектот ,,Разменување на искуства за подобра примена на Ревидираната Директива за ЕРС” со учесници од повеќе градови од Македонија се со цел резултатите и целите од семинарот да бидат пренесeни во што поголем број на институции и во различни региони.
На семинарот беа презентирани целите на проектот, а присутните беа информирани за досегашните реализирани активности во рамките на проектот. Подетално беа презентирани резултатите од спроведното истражување и анализа на национално ниво. По однос на резултатите од истражувањето беше отворена плодна дискусија помеѓу учесниците и беа детектирани главните предизвици, како и предлог идеи за тоа во кои делови треба да се извршат промени во конекст на специфичните проблеми со кои ние како земја се соочуваме во поглед на информирањето, консултирањето и учеството во процесот на донесување на одлуки.
Исто така на присутните од страна на експертот им беше претставена и ситуацијата во земјите членки кои учествуват во проектот, кои се проблемите со кои овие земји се соочуваат во поглед на вклучување на работниците во процесот на донесување одлуки и добрите практики од овие земји кои можат да се применат и кај нас.
Семинарот беше интерактивен и од него произлегоа низа иницијативи, како што е споделување на овие информации кои беа презентирани на семинарот до што поголем број на синдикални претставници кои би имале за задача да дадат свои предлози и коментари по однос на вклученоста на работниците во донесувањето одлуки и какви законски измени треба да се донесат.

