КСС ја откри тајната која Владата сакала да остане сокриена од работниците и народот (ВИДЕО)
„Тоа значи дека во 2024 година, сите што ја имаат минималната плата согласно законите во јавниот сектор, ќе биде променето во законот, а минималната плата ќе биде исфрлена. Луѓето треба да знаат дека ќе има покачување сега, а следното ќе биде дури во 2025 година“.
Ја поздравуваме новата методолгија за усогласување на платите според просечната плата која ќе се воведе од 2025, со што ќе имаме иста методологија како и именуваните и избрани функционери и го поздравуваме договорот за К-15 со кој од декември ќе се исплаќаат по 10,000 денари. Иако е само 30 % минимум може да се уреди со грански колективни договори, рече Претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија, Благоја Ралповски на денешната прес – конференција.
Посочи дека делумно го поздравуваат усогласувањето од 10 %, бидејќи се зборувало за различни бројки, потенцирајќи дека КСС отсекогаш се залагал за почитување на законите, меѓу кои и Законот за минимална плата кој во членот 8 предвидува усогласување на платите за 12,55 %.
Ако се воведува методологија за пресметка на платите согласно просечната, тогаш тоа, како што вели, треба да биде од оваа година и платите да се усогласат за 10,9 %.
„Каменот на сопнување е многу поголем и се сокрива од јавноста, а тоа е последната точка за којашто не најдовме договор и која бевме замолени од министрите да не ја кажуваме во јавноста дека ќе имаме пособен договор. Се обидовме ние како грански синдикати и преку КСС да изнајдеме заеднички јазик со Владата, но очигледно некој тоа го прифаќа и тоа најверојатно ќе биде предлог на денешниот ЕСС – тоа е спорниот член 14, став 2, во Општиот колективен договор каде што вика – доколку индексот на трошоците на живот во првите шест месеци во 2024 гоидна надминуваат 3 %, основната бруто плата на вработените во јавниот сектор се зголемува во процентуален износ како разлика помеѓу реализираниот пораст на индексот на трошоците на живот со утврдениот од 3 %“, објасни Ралповски и додаде:
„Тоа значи дека во 2024 година, сите што ја имаат минималната плата согласно законите во јавниот сектор, ќе биде променето во законот, минималната плата ќе биде исфрлена. Луѓето треба да знаат дека ќе има покачување сега, а следното ќе биде дури во 2025 година“.
Уште пострашно, појасни Ралповски, е што нивните проекции за трошоците на живот велат дека во 2024 ќе бидат само 2,5 %, со што дрско се манипулира со јавноста дека усогласувањето на платите ќе биде над 3 %. Ако имаме инфлација од 4 %, усогласувањето ќе биде 1 %.
Ралповски нагласи дека КСС остро се спротивставила на ова и дека не го прифаќа ваквиот Општ Колективен договор, затоа што вработените во јавниот сектор нема да добијат никакво зголемување во 2024 година, а со тоа, според нивните проекции, просечната плата којашто треба да биде во март, од 6,4 % ќе падне под 4 %, бидејќи нема никакво зголемување во јавниот сектор. Поради ова, следното покачување во 2025 година ќе биде од 3 до 4 %.
Она што тие го бараат не е многу, вели Ралповски, додавајќи дека тоа е само да се почитуваат законите, бидејќи истите не важат само за функционерите на кои во март следната година ќе им се зголемат платите за 15 %, туку и за работниците.
„Бараме согласно минималната плата да се усогласуваат и останатите плати, а не со Општ Колективен договор да се укинуваат поединечните колективни договори и Законот за минимална плата“, додаде Ралповски.

