ПравдаСветот на работникот

„Погршено е да се смета дека Договорот за вработување не може да подлежи на измени“

Договорот за вработување претставува единствен начин на кој се заснова работниот однос помеѓу работодавачот и работникот. Неговата форма е пишана, а неговата содржина строго утврдена со Законот за работни односи. Договорот мора да биде потпишан од страна на работникот, но за да се смета дека работниот однос е заснован работникот треба да стапи на своето работно место.
Доколку датумот на стапување не е определен со договорот, како датум на стапување на работа ќе се смета наредниот ден од датумот на потпишување на договорот за вработување. Доколку некоја од одредбите содржани во самиот договор е во спротивност на општите одредби за правата, обврските и одговорностите на договорните страни, определени со закон, колективен договор, односно акт на работодавачот е ништовна од моментот на склучување на самиот договор.
ПРАВИЛНО е да се смета дека одредбите на Законот, колективните договори, општите акти на работодавачот со коишто била делумно одредена содржината на договорот се составен дел на истиот и го дополнуваат или непосредно се применуваат.
ПОГРЕШНО е да се смета дека договорот не може да подлежи на измени, секоја измена која ќе се направи на договорот за вработување ќе се изврши со анекс на договорот кој ќе биде составен дел на договорот за вработување.
Проф. д-р Лазар Јовевски