МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

Лазаров: Прекршени повеќе закони со непродолжувањето на договорите медицинските работници

Ќе останат ли македонските болници без специјалисти и друг персонал после одлуката на министерството за здравство да не ги продолжат договорите на над сто медицински работници кои треба да одат во пензија а кои според законот треба да останат на работа.

Др. Мирослав Лазаров од Синдикатот на клиничкиот центар за ТВ 24 вели дека се прекршени повеќе закони и затоа медицинарите правата ќе ги бараат на суд.