НовостиПравда

ЛЕВИЦА: ТРЕНЧЕВСКА ГИ ИГНОРИРА БАРАЊАТА НА СЛЕПИТЕ ЛИЦА

   Време за читање 1 минута

Слепите и слабовидните лица минатата недела повторно одржаа протест пред Владата, која во континуитет ги игнорира барањата на оваа група граѓани.

И покрај формалните средби со министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, со месеци нема никаков одговор на нивните барања!

Иако во континуиран растат трошоците за живот, десет години не е зголемен додатокот за попреченост и туѓа нега.

Овие лица бараат додатокот за попреченост да изнесува 40 проценти од просечната плата, туѓата нега 30 проценти од просечната плата и помагалата да се решат системски, но од Владата добиваат само продолжување на незавидната положба во која се наоѓаат.

Слепите лица се оставени целосно сами да се справуваат со секојдневните предизвици,  без никаква институционална помош, иако во повеќе наврати  апелираа на проблемите со кои се соочени.

Тие немаат никакво право на помагала, а несоодветната патна инфраструктура и несоодветно достапните услуги и информации, го отежнуваат и онака тешкиот  животот на слепите лица, а на најголем број од нив, единствен приход им се социјалните додатоци, кои што не можат да  ги  задоволат  ни основните животни потреби.

Ова е уште еден показател за незаинтересираноста за ранливите групи на Владата и премиерот Ковачевски, кој во неколку наврати одби да се сретне и да ги сослуша слепите лица.

Токму криминалната влада на СДС и ДУИ во месец април го одби предлог-законот на Левица, со кој се предвидуваше зголемување на паричниот додаток за децата со попреченост.