ПравдаСветот на работникот

Лекција по трудово право: Дозволеност на отказ

РУБРИКА ЗА ТРУДОВО И СОЦИЈАЛНО ПРАВО

Тема: Дозволеност на отказ

Нашиот закон за работни односи во членот 71 предвидува дека работникот може да го откаже договорот за вработување доколку писмено изјави дека сака да го откаже договорот за вработување.
Додека пак работодавачот може да го откаже договорот за вработување, само ако постои основана причина за отказ поврзана за однесувањето на работникот (лична причина на страна на работникот), поради кршење на работниот ред и дисциплина или работните обврски (причина на вина) или ако причината е заснована на потребите на функционирањето на работодавачот (деловна причина).

ПРАВИЛНО е да се смета дека и работникот и работодавачот можат да го откажат договорот за вработување во случаи, односно од причини определени со закон, колективен договор, правилата за работниот ред и дисциплина и договорот за вработување.

ПОГРЕШНО е да се смета дека договорот за вработување може да се откаже од било која причина, имено отказот на договорот за вработување, кој работникот директно или индиректно го ставаат во понеповолна положба по кој било од основите, расно или етничко потекло, бојата на кожата, полот, возраста, здравствената состојба, односно инвалидност, религиозното, политичко или друго убедување, членување во синдикатите, националното или социјалното потекло, статус на семејството, имотната состојба, половата насоченост или заради други лични околности, е ништовен од моментот на врачувањето на отказот.

Проф. д-р Лазар Јовевски