Останато

Мапата подолу покажува колку луѓе работеле од дома во 2021 година

Пандемијата доведе до промени во начинот на работа и многу компании започнаа да практикуваат работа од дома. Ова стана трајна мерка за многу работници. Мапа од „Лендгајст“ покажува колкав е процентот на лица што работеле од дома барем половина од работните денови во 2021 година.

Може да се забележат географски разлики на мапата бидејќи процентите се повисоки во западниот и во северниот дел од Европа.

Во Романија и во Бугарија биле најмали процентите на лица што работеле од дома барем половина од времето во 2021 година.

 

На мапата не се вклучени податоци за Македонија.

Извор: Landgeist