ПравдаСветот на работникот

Лекција по трудово право: Забрана за дискриминација во работен однос

Рубрика трудово и социјално право
Тема: Забрана за дискриминација во работен однос
Во ек на новите мерки кои се донесоа со цел спречување на ширењето на вирусот Ковид 19, несомнено мора да се спомне нивното влијание на работните односи. Закон за работни односи, како и останатите прописи и меѓународни акти се децидни по однос на дискриминацијата.
Членот 6 од Законот за работни односи ја дефинира забраната за дискриминација по било кој основ во работните односи. Забраната за дискриминација, во смисла на овој член од законот, кај работодавачот е забранета во однос на: условите за вработување, вклучувајќи ги и критериумите и условите за избор на кандидати за вршење на определена работа, напредувањето во работата; пристапот до сите видови и степени на стручно оспособување, преквалификација и доквалификација; условите за работење и работа и сите права од работен однос и во врска со работниот однос, вклучувајќи и еднаквост на плати; како и откажувањето на договорот за работа.
Можни се исклучоци од забранта за дискриминација, но тие мора да бидат одределени со Законот за работните односи!
Мерките за заштита не смеат да бидат во линија на забрана за остварување на правото на работа на работниците, дискриминација при нивно понатамошно напредување, отказ од работа поради неисполнување на условот за вакцинација. Вакцинацијата претставува лично право на секој човек, но правото за работа е уставно загарантирано.
ПРАВИЛНО е да се смета дека секое постапување условувано со некои од основите за дискриминација со кое лицето било ставено, се става, или би можело да биде ставено во понеповолна положба од други лица во споредбени случаи, претставува директна дискриминација.
ПОГРЕШНО е да се смета дека мерките за заштита може да бидат изговор да се прекршуваат правата на вработените во работниот однос и на кандидатитте за вработување.
Проф. д-р Лазар Јовевски