ПравдаСветот на работникот

Лекција по трудово право: Информирање на работниците (во случај на непосредна опасност)

РУБРИКА ЗА ТРУДОВО И СОЦИЈАЛНО ПРАВО

Тема: Информирање на работниците (во случај на непосредна опасност)

Информирањето на работниците е многу важен сегмент за успешното деловно работење. На овие прашања се поголемо внимание се посветува за што говорат и самите европски директиви за информирање и консултирање на работниците.
Нашиот Закон за безбедност и здравје при работа предвидува дека работодавачот има должност да ги информира своите вработени, како и претседателот на синдикалната организација, односно синдикалниот претставник на репрезентативниот синдикат, или претставникот на вработените таму каде што нема синдикат за секој вид на ризик за сите работни места. За овој вид на прашања мора да биде информиран и претставникот на вработените за безбедност и здравје при работа. Работодавачот, преку писмени известувања и упатства, во најкраток можен рок мора да ги информира своите вработени за безбедно извршување на работата. Кога ќе настанат исклучителни случаи, кога вработените се изложени на непосредна опасност по нивното здравје или живот таквите известувања и упатства треба да се пренесат и усно и во нив ќе
се вклучат сите преземени мерки во однос на безбедноста при работа. Работодавачот е тој кој мора да им даде на вработените соодветни упатства за запирање на работата, брзо напуштање на работното место и евакуација на безбеден простор.

ПРАВИЛНО е да се смета дека се додека трае непосредната опасност по животот и здравјето на вработените истите не може да се вратат на работните места и да ги извршуваат работните задачи.

ПОГРЕШНО е да се повикуваат на одговорност вработените кои го напуштиле работното место или опасната зона, заради непосредни или неизбежни опасности по нивната безбедност при работа.

Проф. д-р Лазар Јовевски