ЕкономијаМакедонија

Макам-транс: Еколошката такса е казна за транспортерите кои се задолжуваат за да купат еколошки возила

Асоцијација Макам-транс како репрезентативен преставник на превозни трговски друштва во ниеден момент не е консултирана во однос на одлуката на Влада да се зголеми еколошката такса која е составен дел на цената на горивата и се движи во рамките на минимални износи од 0,6-0,8 денари зависно од видот на горивото, посочуваат од асоцијацијата

Додаваат дека од 2009 година до сите влади имаат доставено барање за спроведување на проект за помош и подршка на превозните трговски друштва преку фондовите на ЕУ за замена на застарените возила по примерот на државите членки на ЕУ, но оставени се сами на себе и сепак успеале во државата да се внесат и регистрираат над 5.500 возила со еуро 5 и 6 стандард кои сега треба да плаќаат еколошка такса иако се возила со највисок еуро стандард кој се бараат на територија на Европа.

-Воведувањето на еколошка такса преку погонското гориво значи казна за сите превозни трговски друштва кои и те како се задолжени во банките и лизинг компании за да можат да купат еколошки возила и да бидат по конкурентни на европскиот транспортен пазар. Превозниците немаат можност да ја заменат нафтата и да  поминат на користење на зелена енергија и  да превезуваат стока  со други превозни средства, за ова треба време и подршка на државата во соработка со производителите на возила кои предвидуваат во некое идно време 10-15 години да има масовно производство на електронски товарни возила и воспоставување на инфраструктура за истите,велат од Макам-транс.

Тие сметаат дека еколошката такса може да се воведе на друг начин и да преставува стимулативно средство за сите превозници и граѓани , по примерот на Германија , да се заменуваат старите возила со нови, а државата да ги откупува и да дава грантови на секој кој е спремен да го замени возилото со возило кое ќе има повисок еуро стандард.Кој нема да го прифати овој начин при регистрација на возилата може да плаќа многу повисоки давачки на име еколошка такса.

-По примерот на државите членки на ЕУ може да се воведе плаќање на патарина според еколошкиот стандард на возилата со што ќе се намалуваат штетните издувни гасови на сите возила кои имаат од Еуро 3 до Еуро 0 стандард, но подеднакво ќе бидат опфатени без никаква дискриминација и домашните и странските превозници.Овој начин на наплата на патарина одамна се спроведува во сите држави на ЕУ и постојат едноставни системи за препознавање на возилата и званични документи за докажување на еуростандардот на возилото,посочуваат од Макам-транс.

Тие сметаат дека Владата треба да ги преиспита своите ставови и да организира широка дебата со сите засегнати страни, а особено со преставници на превозниците се со цел да се изнајде решение кое нема да ги оптеретува сите подеднакво како што беше и случајот со зголемување на акцизата на горивото во периодот на пандемија („ антикризна мерка “) која сега од феруари 2021 година стана дел од Закон за акцизи. Сите превозници од државите членки на ЕУ и Србија согласно законските одредби имаат право на враќање на дел од акцизата платена со набавка на гориво , дури и реципрочно право да бараат поврат и од држави различни од регистрацијата на возилото исто како и  правото кое го имаат по основ на платен ДДВ.

-До сите превозници доставивме анкета за да ги дознаеме финансиските импликации од мерката и нивните размислувања во однос на чекорите кој треба да се преземат се со цел да не се дозволи теретот на сите реформи да одат преку нивни грп… во државата има микро , мали и неколку средни превозни трговски друштва, што значи дека во услови на заживување на стопанството од пандемијата  на ниво на Европа и воведување на вака високи давачки по разни основи , затворање на голем број од истите, оставање на голем број семејства без егзистенција.Бараме средба со Битиќи и подршка од другите министри како би се надминал проблемот и би се изначол друг начин за прибирање на средства во фондот за еколошки развој, информираат од Макам-транс.