Мај со два продолжени викенди: Куфери или чадори – што да подготвиме?
Веќе кон крајот на месецот, граѓаните ги очекуваат два продолжени викенди – еден за сите граѓани и еден за граѓаните од православна христијанска вероисповед, додека и граѓаните од муслиманска вероисповед ќе имаат свој празничен ден.
Првиот продолжен викенд е поврзан со 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, кој оваа година се паѓа во недела, па неработен ден ќе биде понеделник, 25 мај.
Потоа следува и верскиот празник Духовден, при што неработен ден за граѓаните од православна вероисповед ќе биде петок, 29 мај, што отвора уште еден продолжен викенд.
Во меѓувреме, граѓаните од муслиманска вероисповед ќе го одбележат Курбан Бајрам на 27 мај (среда), првиот ден од овој голем празник.
Според најавите, времето за првиот продолжен викенд околу 24 мај ќе биде стабилно и сончево, со повремена облачност, но без услови за врнежи. Утринските температури ќе се движат околу 10 степени, додека дневните ќе достигнат до 26 степени, што го прави периодот идеален за прошетки, патувања, па дури и за први посети на плажа.
За вториот продолжен викенд, околу верскиот празник, се очекува сончево, но променливо време со услови за локален дожд. Температурите ќе останат во сличен интервал, што значи дека и покрај можната нестабилност, ќе има доволно пријатни периоди за активности на отворено.
Со неколку празници и поволни временски услови, мај се наметнува како идеален месец за краток одмор и полнење на батериите.
Извор:skopjeinfo.mk
Месец мај носи повеќе неработни денови и можности за продолжени викенди, што за многумина значи време за одмор, патување или кратко бегство од секојдневието.