МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

МДС испрати барање до Синдикатот на МНР во Србија за помош во организирањето на вакцинација на вработените

Македонскиот дипломатски синдикат изразува голема загриженост за здравствените состојби во државата и во Министерството за надворешни работи во поглед на пандемијата Ковид 19.

И покрај забележително големиот број отсуства како резултат на изолација на вработените поради контакти или заразеност со Ковид вирусот, МДС за жал во континуитет не е информиран од страна на раководството за здравствените состојби, како што не е информиран и за сите други теми што имаат импликации во социјалната, економската и работната сфера во нашата институција, што инаку е негова легална обврска.

Имајќи го превид наведеното, Македонскиот дипломатски синдикат во рамките на својата меѓународна соработка упати барање до Синдикатот на Министерството за надворешни работи на Република Србија за помош и организирање на имунизација, одн. вакцинирање против Ковид 19 за вработените во МНР.