Медиуми и факултети ќе ги отвораат железните врати меѓу Скопје и Софија
Во процесот на градење доверба меѓу Скопје и Софија се подготвуваат заеднички проекти во медиумите, образованието, културата и бизнис заедниците, потврдуваат за Дојче дипломатски извори, откако вчера одекна веста дека од први март Бугарската национална телевизија (БНТ) ќе реемитува програма во Македонија преку операторот Телеком. Но, според нашите извори, тоа не е сѐ.
„МИА ќе има конечно свој дописник од Софија, а БТА од Скопје, и се очекува средба на директорите на двете новински агенции. Претставници на националните телевизии БНТ и МРТВ имаа средба во Скопје на високо ниво, се очекува потпишување на договор за размена на дописници, културни и забавни програми, тв-серии и отворање на месечни тв -мостови. Во делот на медиумите се подготвува влез на неколку бугарски тв-канали со регулирани авторски права, на платформата на Макс ТВ на Телеком. Соработка се планира и во културата. Се подготвуваат документи за учество на бугарски експерти во обука и конзервација на фрескозаписите и конзервација на ракописите во НУБ”, велат дипломатски извори запознати со планираните активности за медиумска и културна соработка, кои треба да придонесат за подобра комуникација меѓу двете земји.
Повеќе на ДВ

