НовостиПравда

„Мерките на владата ќе направат штета“

   Време за читање 1 минута

Непотребни трошоци и кратрење на туристичката сезона за еден месец реагираат од Туристичко-угостителската комора по вчера усвоените мерки на владата за излез од земјата.

Тие се најдоа затечени откако Владата вчера во 20 часот испрати соопштение до медиумите, дека од 1 септември (денес?!) , покрај за влез во државава и за излез ќе се бара потврда за вакцинација, потврда за прележана корона, или пак, негативен тест – ПЦР, или брз антигент тест.

Ова претставува „непотребно оптоварување на граѓаните, бидејќи движењето е секако прилично ограничено затоа што повеќето држави ги заоструваат мерките и бараат негативни тестови. Со овие активности туристичката сезона практично завршува еден месец порано, со што и штетата која ја трпат туристичките агенции значително се зголемува.

Овој сектор втора година по ред е под силен удар на кризата и потребна е сериозна поддршка за негов опстанок во вакви услови – велат од Туристичко угостителската комора.