Светот на работникот

Методот на „морков и стап“ не дава повеќе ефект во мотивирањето на вработените

Подготвил: Бобан Илијевски

Лидерот на тимот би требало да знае да им го објасни контекстот и нивната улога на работниците во работата, да ги предвиди можните препреки и да помогне да се решат, како и да го препознае посебниот труд и придонес на работникот.

Мотивирањето на работникот во теорија се чини многу едноставно, но во реалните, животни ситуации тоа е многу поголем предизвик отколку што се чини. Од лидерот се бара да разбере што го мотивира секој поединец во тимот и да управува со нив во согласност со тоа. Ова е многу предизвикувачки за секој лидер, особено за оние со големи тимови, чии луѓе работат во помали групи кои се и самите преоптоварени, пишува Лиса Лаи, авторка на неколку лидершеп програми за едукација и советничка во многу угледни компании.

Лидерите често се потпираат на пристапот морков и стап кога сакаат да ги мотивираат своите луѓе, при што морковот е награда за почитување на барањата, а стапот е последица за непридржување до одлуките. Но кога тоа ќе стане единствено со што се бавиме – обидувајќи се да ги принудиме другите да нешто направат и да се држат до правилата – големи се шансите дека ќе бидеме единствениот двигател во тимот кој покажува некаква мотивација.  

Зошто да не земеме во предвид поинаков начин за мотивирање на работниот?, се прашува Лиса Лаи. Таа предлага нов вид на дијалог, во кој лидерите во предвид ќе земат дека мотивацијата е подеднакво важна и за да тоа се поттикнат работниците да завршат одлична работа, но и како поттик за тоа дека работниците треба да се чувствуваат одлично на својата работа. Бидејќи, што подобро се чувствуваат на работа и што подобро ја доживуваат својата работа, со време стануваат се помотивирани да ја завршат што подобро.

„Значи, кога ќе се оттргнеме од традиционалниот морков и стап како главна алатка за мотивација, наместо тоа можеме да започнеме нов и смислен дијалог за работата“, вели Лиса Лаи, давајќи неколку совети за тоа.

Споделете го контекстот и пружете релевантност: За вработените нема посилна мотивација од разбирањето дека нивната работа е важна и дека некој ќе обрати внимание на неа, освен на финансиските извештаи. За да ги мотивирате своите вработени започнете со тоа да споделувате контекст за работата за која барате нивна соработка. Значи, тие мораат да знаат:

  • Што работиме како организација и како тим?
  • Зошто тоа го работиме?
  • Кој и како има корист од нашата работа?
  • Како изгледа успехот на целиот тим и што се вреднува како успех за секој вработен?
  • Каква улога игра секој вработен во исполнувањето на целта?

И имајте на ум: Работниците ќе бидат мотивирани кога ќе почувствуваат дека нивната работа е релевантна и дека некој ќе обрати внимание на неа.  

Предвидите ги препреките на патот за да се овозможи напредок: Кога од членовите на тимот ќе побарате било што значајно, несомнено ќе се сретнете со препреки и предизвици на патот до успехот. Препознајте дека предизвиците можат материјално да влијаат на мотивацијата. Бидете проактивни во нивното препознавање и решавање. Значи, вие како лидер размислете:  

  • Што на вработениот може да му ја отежни или да му ја оневозможи работата?
  • Што можете да направите за да му го олесните товарот?
  • Кои препреки можат да се појават на површина?
  • Како можете да ги решите тие препреки?
  • Како можете да останете ангажирани за да знаете кои проблеми се појавиле попатно и да помогнете во нивно решавање?

Накратко: Вашите вработени ќе бидат мотивирани кога ќе можат да напредуваат без непотребни прекини и претерани оптоварувања во работата.  

Препознајте ги придонесите и покажете благодарност: Колку и да примамливо да се обидете да влијаете на задоволството на вработените со употреба на методот морков и стап, тоа не е потребно за трајна мотивација. Далеку е посилна вашата предност на препознавање и признавање на придонесот за да вработените се чувствуваат ценети и почитувани. Лидерите чесот ја потценуваат моќта на признавањето на напорите на вработените. Накратко, размислете и истакнете го следново:

  • Кои цели се постигнати?
  • Кои се неочекувани или извонредни резултати постигнати?
  • Кој отишол подалеку од должноста да му помогне на колега или да го исполни рокот?
  • Кој му пружил извонредна услуга или поддршка на купувачот во криза?
  • Кој им дал пример на другите и бара признание?  

Вработените се мотивирани кога се чувствуваат ценети и кога чувствуваат дека некој го препознал нивниот посебен придонес.

Пријавете се за да ја процените вашата мотивација: Што ако сте го направиле наведеното, но и понатаму се борите да ги мотивирате другите? Можеби ќе треба да ја процените сопствената мотивација. Вработените лесно се прилагодуваат ако имаат лидери кои се навистина поврзани со работата и ангажирани со срце. Ако не сте ангажирани и воодушевени со својата компанија, тимот или работата со која се бавите, тешко дека ќе биде добар мотиватор за другите.

Затоа размислете:

  • Во кој аспект од својата улога уживате?
  • Поради што се горди што го водите вашите тим?
  • Какво влијание можете да имате вие и вашиот тим внатре и надвор од вашата организација?
  • Како можете да ја прилагодите својата улога за да ја зголемите енергијата и ентузијазмот на тимот?

Вработените се чувствуваат мотивирано кога нивните лидери се искрено мотивирани.

И за на крај: Не потпирајте се на застарените методи и трикови за да ги мотивирате вработените. Разговарајте со вашиот тим за важноста на работата која секојдневно ја обавуваат. Бидете проактивни во препознавањето и решавањето на проблемите на своите вработени. Редовно препознавајте го придонесот на вработените во специфични ситуации и на значаен начин. Поврзете се со сопствената мотивација и слободно споделете ја со својот тим. И отфрлете го морковот и стапот и наместо него водите смислени разговори. Ќе бидете на добар пат да водите високо мотивиран тим, уверена е Лиса Лаи во текстот за Harvard Business Rewiew.

Автор: Marijana Matković

Извор: 24sata.hr

Фото: Canva