МТСП: Согласно закон, и на вработените во градинките ќе им биде исплатена плата
За деновите во кои штрајкуваа, платите на просветните работници ќе им бидат исплатени. Но, дали истата ќе биде исплатена и на вработените во градинките?
Од Министерството за труд и социјална политика за ТВ21 велат дека предучилишните установи се посебни и самостојни правни субјекти кои во својата работа ги почитуваат законите, подзаконските акти и колективните договори.
„Согласно Законот за заштита на децата уредено е исплата на плата и надоместоци од плата соглсно закон“ велат од МТСП за ТВ21.
Од МТСП додаваат дека се очекува предучилишните установи за деца да ги почитуваат одредбите од наведените прописи при исплата на плата и надоместоци за плата во време на штрајк.
Инаку, според законот платите треба да им се исплатат целосно, но без додатоци. Во меѓувреме воспитно-образованиот процес се одвива непречено во сите училишта во земјава.

