Нападната вработена во болница во Куманово
Вработена во болницата во Куманово била нападната од две лица.
„На 24.05.2023 година во 20.50 часот во СВР Куманово З.А. (37) од Куманово пријавила дека додека била на своето работно место во Општа болница Куманово била физички нападната од две лица“. информираат од Секторот за внатрешни работи.
Се работи на расчистување на случајот.

