ЕкономијаМакедонијаНовости

НБМ: Економијата е под ризици поврзани со пандемијата и нејзиното времетраење

   Време за читање 1 минута

Заследете го rabotnik.com.mk на youtube

Народната банка на Македонија ја објави месечната информација за најновите макроекономски показатели – декември 2020 година.

Главните заклучоци се:

  • Економската активност во првите три квартали е во согласност со проекцијата на Народната банка.
  • Расположливите високофреквентни податоци за последниот квартал од годината се ограничени, но засега упатуваат на поумерени негативни ефекти од здравствената криза врз економската активност.
  • Стапката на инфлација се одржува на ниско и стабилно ниво, блиску до проектираното.
  • Девизните резерви се на соодветно ниво и се одржуваат во сигурната зона.
  • Натамошен солиден годишен раст на вкупните депозити и вкупните кредити.
  •  Согледувањата за амбиентот за спроведување на монетарната политика се главно непроменети во однос на претходните оцени.
  •  Очекувањата на економските субјекти за идниот глобален раст на економијата се поповолни во однос на есенските проекции на меѓународните организации, под влијание на објавите за висока ефикасност на вакцините за ковид-19 и почетокот со вакцинација на населението во некои од развиените земји. Сепак сѐ уште има висока неизвесност и ризици поврзани со развојот на пандемијата и нејзиното времетраење.