Неделков: Работна средба со вработените во градинката ,,Рахилка Гонева” од Свети Николе.
Фејсбук статус на Претседателот на СОНК, Јаким Неделков:
Работна средба со вработените во градинката ,,Рахилка Гонева” од Свети Николе.
Пред голем број на членови на СОНК во оваа градинка, беа отворени актуелни прашања што ги тиштат вработените подолг временски период. Тие дадоа сериозна забелешка во однос на динамиката на решавање на нивните работни проблеми и побараа од раководството на СОНК по енергично застапување на нивните интереси. На крајот од состанокот беше донесен Заклучок, доколку набрзо не се остварат работни средби со ресорното министерство и не се изнајдат прифатливи законски решенија и решенија во Колективниот договор по пат на социјален дијалог, членовите се подготвени да применат и порадикални синдикални средства.

