Не обидувајте се да бидете најдобриот на работното место, советува извршен директор на AT&T – Еве зошто
Роберт Волтерс има малку неконвенционален совет за сите кои сакаат да напредуваат во кариерата: подобро е да се стремите да бидете меѓу најдобрите перформери на работа отколку да бидете најдобриот.
Волтерс, висок потпретседател во AT&T, вели дека промената на овој начин на размислување може да им помогне на лидерите на работното место да создадат пореални цели за своите вработени, наместо да поттикнуваат натпревар меѓу колегите.
„Ставањето на луѓето во позиција каде што можат да успеат и поставувањето на меѓуфазни достигнувања им овозможува да чувствуваат само-реализација,“ вели Волтерс.
Тој објаснува дека ова го искусил и во сопствената кариера. Иако како индивидуален перформер на почетокот од кариерата имал менталитет на „најдобар перформер“, подоцна сфатил дека овој пристап не е ефикасен кога води тим.
Клучната промена се случила во 2011 година, кога Волтерс работел, како што е наведено на неговиот LinkedIn профил, како директор за проектен менаџмент, планирање и инженеринг на мрежи. Тогаш тој забележал дека неговиот менталитет влијаел негативно врз односите со тимот.
„Искрено кажано, имав помалку трпение и одвојував помалку време за градење односи со оние што не ги сметав за врвни перформери,“ вели Волтерс. „Сфатив дека со таков пристап не ја подигнував просечната ефикасност на тимот.“
По промената на неговиот пристап, неговиот тим постигнал подобри резултати од очекуваните.
„Поголемиот дел од работите се постигнуваат преку заеднички напор на тимот,“ додава Волтерс. „Наместо да мислам дека јас сам можам да го решам ‘светскиот глад’, сфатив дека како група можеме заедно да почнеме да весламе во иста насока.“
Експерти како авторот на бестселери и експерт за лидерство Сајмон Синек советуваат сличен пристап. Синек советува вработените да не се грижат премногу за конкретни признанија или награди на работа.
„Не постои нешто како победување,“ рече Синек на Светскиот бизнис форум 2023. „Да, добро е да имате цели. Но поважно е вашето движење напред.“
Синек предлага усвојување на „бесконечен менталитет“, што подразбира фокусирање на трајно и холистичко подобрување. Според него, признанија, како што е наградата за вработен на месецот, може да дојдат како природен резултат на таквиот пристап.
Волтерс го прифатил овој начин на размислување. Тој се стреми секој ден да прави мали подобрувања на работното место, без разлика колку се големи или мали.
„Без разлика дали во текот на тој ден е направен мал или голем напредок, по десет години ќе се навратите назад на вашата кариера и ќе бидете воодушевени од тоа колку сте напредувале,“ вели Волтерс.
Извор: CNBC Make it

