Вести

Новата алатка на Google ве подготвува за интервју за работа; како ќе функционира?

Подготовката за разговор за работа сега е лесна благодарение на Гугл кој претставил алатка базирана на вештачка интелегенција. Гугл АИ ви овозможува да одите подготвени на разговор со работодавачот.

За многумина, интервјуата за работа се голем стрес, но Гугл АИ помага да се чувствувате поподготвени.

Гугл неодамна објавил алатка која ви овозможува да вежбате пред да одите на интервју за работа. Гугл АИ на корисниците им ги поставува најчестите прашања коишто се поставуваат за време на разгворот. Потоа ги анализира одговорите кои можат да бидат усмени или писмени. На крај, дава совети за аспектите кои би требало да ги подобрите.

Разговор за работа – прашања

Прашањата кои ги поставува Гугл АИ се поделени на општи и специфични. На пример, типично прашање е она на кое треба да зборувате за себе и истото спаѓа во општи прашања. Конкретни прашања се оние кои се однесуваат на позицијата за која сакате да аплицирате.

Исто така, Гугл АИ помага да вежбате за повеќе работни позции. Вештачката интелегенција дури ви кажува и кои зборови се најсоодветни за да добро пројдете на разговорот или дури колку долго треба за да зборувате на одредена тема.

Razgovor

Фото: Pexels

Гугл – Приватноста на корисниците се чува

За луѓето кои се грижат за приватноста, компанијата истакнла дека ниедна внесена или изговорена информација не се чува и не се споделува. Системот не чува информации, а од корисниците бара да ги копираат одговорите кои сакаат да ги зачуваат во посебен документ.

Во текот на креирањето на системот програмерите разговарале со поединци кои ги завршиле часови на обуките кои ги нуди Гугл и кои активно барале работа. Часовите се дел од Програмата за сертификат за кариера.

Јасмина Рубиновиќ е софтверски инжинер и истражувач во Google Creative Lab. Таа помогнала во развојот на алатката Interview Warmup. Рубиновиќ во видео снимката дека моментално постојат повеќе од 1,3 милиони слободни работни места во САД за високо платени технолошки работни места во различни области.

Posao, kancelarija

Фото: Pixabay

Таа напоменала дека програмите за обука за кариера можат им помогнат во голем дел во подготовката на оние кои бараат работа.

„Размислувавме дали можеме да користиме машинско учење и големи јазични модели за да направиме алатка која ќе ви помогне да вежбате за разговор за работа“, рекла таа.

Рубиновиќ посочила дека алатката е дизајнирана да им овозможи на оние кои бараат работат да вежбаат во „безбеден простор“ онолку колку што сакаат.

Interview Warmup може да се користи на поголемиот дел од интернет пребарувачите, како и на Android и IOS мобилните телефони.

Засега оваа алатка е достапна само во САД. Меѓутоа, изгледа дека Гугл има намера да ја ласнира ширум светот.

Извор: BIZLife

Фото: Pixabay