Нови вработувања, возила и опрема за да нема повеќе паушални сметки, но може да поскапи струјата
За да нема повеќе паушални сметки за струја, Електродистрибуција ќе мора да се доекипира со кадар за работа. Првиот регулатор Бислимовски вели дека ги чека анализите од компанијата кои треба да покажат колку би ги чинело сето ова и дали ваквиот трошок би се одразил на цената на струјата. Ако има значително поскапување на електричната енергија ќе се бара некое решение.
- Апсолутно станува збор за кадар за луѓе до кога се исплати, колку луѓе да се вработат, дека идеално никогаш не може да има. Нема потреба на пример да се читаат броила во оддалечени подрачја каде што навистина во зимските месеци не може тоа да се направи, да видиме тие броила колкав број се за да имаме реална слика. Да не ги оптоваруваме сите потрошувачи во државата, вели претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски.
Повеќе на Телма

