Разлики во трошоците за труд во Европа: Каде е најскапо, а каде најевтино да се вработи работник?
Дали некогаш сте се запрашале колку се разликува цената на вработување работник низ Европа? Одговорот е – многу. Разликата помеѓу највисоките и најниските трошоци е поголема за пет пати, што укажува на сериозни регионални нееднаквости.
Според податоците на Еуростат, во 2024 година еден час работа во ЕУ во просек чинел 33,5 евра, при што дијапазонот се движел од 10,6 евра во Бугарија до 55,2 евра во Луксембург.
Северна и Западна Европа предничат по цена на трудот
Највисоките трошоци за труд се забележани во северна и западна Европа. Петте нордиски земји, вклучително и Норвешка, Исланд и Данска, го надминуваат просекот на ЕУ. Овие три земји имаат трошоци за труд поголеми од 50 евра по час.
Покрај нив, Белгија (48,2 €), Холандија (45,2 €), Австрија (44,5 €), Франција (43,7 €) и Германија (43,4 €) се вбројуваат меѓу најскапите.
Најниски трошоци во источна Европа
На спротивната страна, најниски трошоци за труд се бележат во источна Европа – Бугарија (10,6 €), Романија (12,5 €) и Унгарија (14,1 €). Во јужна Европа трошоците се умерени, но и натаму значително пониски во споредба со северот: Италија (30,9 €), Шпанија (25,5 €), Португалија (18,2 €) и Грција (16,7 €).
Кога ќе се земе предвид куповната моќ, разликите се помали
Кога трошоците за труд се пресметуваат според стандардот на куповна моќ (PPS), разликите значително се намалуваат. Во тој случај, дијапазонот помеѓу најниската и највисоката вредност меѓу земјите од ЕУ паѓа од повеќе од 5 пати на нешто повеќе од 2 пати.
Така, еден работен час во PPS изнесува од 19,1 во Бугарија до 40,3 во Белгија, додека Норвешка останува на врвот со 40,7.
Што сè влегува во трошокот за труд?
Трошокот за труд не вклучува само плати, туку и „неплатени“ компоненти како што се социјалните придонеси и даноците поврзани со вработувањето. Учество на тие неплатени трошоци значително варира: од само 5% во Бугарија и Литванија до 32% во Франција и Шведска. Просекот на ЕУ е 25%.
Овие разлики, како што истакнуваат експерти од Европскиот синдикален институт (ETUI) и Меѓународната организација труд (ILO), ја одразуваат разликата во моделите на социјална заштита. Земјите со универзални системи, како Франција и Шведска, имаат значително поголеми придонеси бидејќи нудат подолги и подобро платени отсуства (родителски, боледувања) и пошироко осигурување од невработеност.
Зошто се толкави разликите?
Според експертите, разликите во трошоците за труд се определени од:
- Продуктивноста и економската структура – поразвиените економии можат да поднесат повисоки плати;
- Институциите на пазарот на труд – синдикати, колективни договори и минимални плати имаат силно влијание;
- Трошоците за живот – земјите со повисоки цени генерално имаат и повисоки плати.
Во суштина, работник во Луксембург или Норвешка го чини работодавачот пет пати повеќе од оној во Бугарија или Романија, но таа разлика станува значително помала кога ќе се земе предвид реалната куповна моќ.
Извор: b92.net

