МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

НСО: СОНК се избори за достоинството на работниците кои ги претставува

СОНК, покрај тоа што се избори за повисоки плати, се избори и за склучување на нови колективни договори во дејностите детска заштита, основно и средно образование. Членството на СОНК пак, покажа колку може да биде сплотено и едногласно во неговите барања и дека не се откажува и по цена на бројните притисоци кои беа вршени врз нив во текот на штрајкот и преговорите.

СОНК е пример за успешно синдикално делување, кој треба да го следат сите синдикати во државата. Се избори за унапредување на правата, но и се избори за достоинството на работниците кои ги претставува.