Правда

НУК: Повторно Комисијата за заразни болести игра мајтап со угостителите

ПОВТОРНО ПО КОЈЗНАЕ КОЈ ПАТ КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ СИ ИГРА МАЈТАП СО УГОСТИТЕЛИТЕ. 

ДОКОЛКУ СЕ ТОЧНИ МЕДИУМСКИТЕ НАЈАВИ ЗА НОВИ ПРЕПОРАКИ И СЕ ВОСХИТУВАМЕ НА УМЕШНОСТА НА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ КОИ ОД ЕДНА СТРАНА СО ПРЕДЛОГ МЕРКИТЕ ДОЗВОЛИ ОРГАНИЗИРАЊЕ НА СВАДБИ, ПРОСЛАВИ, ВЕСЕЛБИ НА ОТВОРЕН ПРОСТОР ДОДЕКА ОД ДРУГА СТРАНА ПОСТАВИ НОВИ ПРАВИЛА И ОГРАНИЧУВАЊА ЗА МУЗИЧАРИТЕ ЧИЕ ПРИСУСТВО СО ИСТАТА МЕРКА Е ОГРАНИЧЕНО САМО ПРИ ОРГАНИЗИРАЊЕ НА СВАДБИ?!

 Повторно ги поздравуваме новите предлози на препораки од Комисијата за заразни болести со кои треба да се олабави притисокот врз угостителите и угостителската индустрија и конечно да се овозможи званична организација на прослави, веселби и свадби согласно протоколи, но наместо истите да влијаат позитивно ќе предизвикаат хаос во работењето и новото секојдневие. 

Да не се чудиме ако од утре во сите угостителски објекти имаме секој ден пладневни и вечерни свадби се со цел да овозможиме присуство на музичари и постанеме држава во која ќе има и по илјада свадби на ден поготово преку викенди!

Комисијата за заразни болести и понатаму не се одвикнува од правилата за предлагање и нотирање одредени мерки и препораки за работењето на угостителските објекти без да најде време и начини да се консултира или советува со претставници на угостителската индустрија за начинот и можноста на нивната реална примена во секојдневното работење.

Безвредна е препораката да се дозволи организирање на свадби, прослави, веселби на отворен простор/летни тераси до максимум 100 лица ако присуство на музичари е дозволено само при организирање на свадби, а согласно соодветен протокол. За какви веселби и прослави дискутираме односно какви протоколи Комисијата за заразни болести предлага ако присуството на т.н. музичари и понатаму е “забрането” односно “дозволено” само на свадби. Да не се чудиме ако од утре во секој угостителски објект гледаме младоженци односно сите угостителски објекти преку ноќ организираат свадби со присуство на музичари.

Владата при усвојувањето на денешните предлози протоколи од Комисијата за заразни болести да направи разграничување на истите и за сите угостителски објекти да го врати членот 13 со кој ќе со дозволи организирање на музички настани со настап на музички уметници во отворен и затворен дел од објектот (пејачи/музички групи/диџеи) во сите угостителски објекти согласно протоколите за работа, а постојната препорака за јачина на музиката точка 14 со која се ограничува максималното ниво на бучава во угостителските објекти за исхрана на 55 децибели ќе ја укине во целост.

Владата да не заборави и да одобри работење на внатрешните делови на сите угостителски објекти со оглед дека голем дел од постојните објекти немаат соодветни тераси како би можеле угостителите сопственици на овие објекти како и останатите колеги – угостители да ја обавуваат својата дејност согласно важечките протоколи.

 И за крај да ја потсетиме и Владата и Комисијата за заразни болести дека не постои ништо посвето во животот од фамилија. Да не заборават да се дозволи во случај кога угостителски објект посетува една цела фамилија (традиционални фамилии од повеќе генерации) со повеќе од 4-6 лица да се дозволи да можат како фамилија да седат сите на една маса, а не да ги потценуваме фамилијарните вредности и да ја делиме фамилијата која живее под еден исти кров на две или повеќе маси само затоа што истата е поголема од 4 односно 6 лица!