ПравдаСветот на работникот

Обвинета дека тинејџерите ги навлекува на никотин: Компанијата отпушта работници и го намалува трошокот

   Време за читање 1 минута

Познатиот американски произведувач на електронски цигари „Јул“ е присилен да ја промени стратегијата на работење и да ги намали трошоците за дури милијарда долари.

Порано оваа година, додека „Јул“ бил на самиот врв, вработувал по 300 луѓе месечно, а сега укинува 16 отсто од работните места. Овој чекор, како што појасниле, е дел од обидот да ја вратат довербата од страна на јавноста која ги осудила дека со своите производи ги навлекуваат тинејџерите на пушење.

Како што пишува Блумберг, компанијата ќе отпушти 650 работници, ќе престане со вработување и ќе ја укине позицијата маркетинг директор во компанијата. Таа престанала со печатено и дигитално огласување и се фокусира исклучиво на возразните пушачи, пренесува порталот Новац.

„Јул“ станал мета на регулаторите кои сакаат да ја запрат епидемијата на новите млади корисници на никотин кои иако никогаш претходно не пушеле, биле привлечени токму од е – цигарата поради убавиот изглед и посебните ароми, како што се манго, ментол и краставица. Покрај притисокот од страна на регулаторите поради кои многу продавници повеќе не продаваат вакви цигари, вредноста на компаниите потонала и поради растечките грижи за здравствените ризици кои електронските цигири ги причинуваат.